Најмалку 7 жртви од напади со дронови во Русија

by irena 14:01
14:01

Најмалку седум лица загинаа во напади со украински дронови врз регионот Тамбов во Русија, соопштија денеска регионалните власти.

Во неколку бранови напади со дронови загинаа седум работници во магацинот на компанијата „Вилдберис“ во градот Котовск, во регионот Тамбов, пренесе Ројтерс, додавајќи дека најмалку 25 лица се повредени во нападот, кој се случи на околу 475 километри југоисточно од Москва.

Регионалниот функционер Евгениј Первишов на Телеграм изјави дека работниците од ноќната смена во магацинот на најголемата руска онлајн продавница загинале на самото место.

Според него, соборени се 28 дронови, а доколку тие ја постигнеле својата цел, бројот на цивилни жртви ќе бил многу поголем.

Гувернерот на Московската област, Андреј Воробјов, изјави дека 24 лица се повредени во напад со дрон врз друг магацин на „Вилдберис“ во Електростал, град источно од Москва.

Уште еден напад со украински дрон предизвика пожар во магацин за нафта во поширокиот регион на руската престолнина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека биле погодени два логистички објекти што Русија ги користела за испорака на делови за производство на дронови и навигациска опрема.

-Погоден бил и еден објект за нафта, напиша Зеленски на мрежата „Икс“.

Слични вести