Прегазена 56-годишна жена во Скопје

by irena 15:28
15:28

МВР информира дека вчера во 13:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Орце Николов“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(46) од Скопје, удрило во 56-годишната Д.Д. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.Д., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични вести