Македонски државјанин осуден за убиство во земјава е уапсен во Бугарија

by irena 15:09
15:09

Бугарската полиција во градот Ќустендил приведе маж баран за убиство во Македонија, информира „БТА“. Информацијата доаѓа од портпаролката на Регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи – Ќустендил, Катја Табачка.

За време на увидот, службениците од тамошната сообраќајна полиција утврдиле дека 53-годишниот маж се бара со меѓународна потерница преку Интерпол.

-Тој има бугарско и македонско државјанство и е осуден во Македонија за убиство – прецизираа од бугарското МВР.

Во тек е судска постапка во врска со барањето за негова екстрадиција.

За уапсениот е предвиден притвор.

Слични вести