Предложен притвор за „пукачите“ во гостиварски Добри Дол

by jadranka 18:42
18:42

На „пукачите“ на свадбена веселба од гостиварското село Добри Дол, употребата на огнено оружје ќе ги чини судска постапка, а најверојатно ќе заработат и притвор.  По поднесена кривична пријава од МВР, Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица од селото Добри Дол, општина Врапчиште за кои постои основано сомнение дека учествувале во дејствија на кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, на 31 јули вечерта, во дворно место од семејна куќа во селото, на свадбена прослава, употребиле огнено оружје и тоа три пиштоли и една пушка од непозната марка и калибар со кои пукале во воздух и со тоа ги довеле во опасност животите на поголем број присутни на свадбената прослава.

Обвинителството соопшти и дека бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на секој од осомничените, а едниот од нив покрај македонско има и словенечко државјанство, јавниот обвинител надлежен за истрагата до судијата на претходна постапка во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничените.

Слични вести