Пожари на седум места во државата

by vlatko 20:42
20:42

Состојбата со пожарите во Македонија до 18 часот е седум активни, два под контрола и шест изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Кога се во прашање активните пожари, најголемиот дел се во централните и западните делови од државата:

-Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)

-Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)

-Општина Македонски Брод 2 (реактивиран) – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)

-Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација)

-Општина Струга – помеѓу селата Октиси и Белица (сува трева)

-Општина Ресен – с. Покрвеник (трски и сува трева)

-Општина Маврово-Ростуше – с. Дуф (ливада)

Како пожари „под контрола“ се водат два. Во Велес, кај селата Џимирци – Крушје – Иванковци и пожарот во Општина Желино, на планината Жеден. Овој пожар е актуелен втор ден бидејќи вчера градоначалникот, а денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, излегоа со тврдење дека некој го потпалува.

Слични вести