Пожар во Визбегово, гори висока сува трева, на терен се пожарникари

by irena 15:02
15:02

Повторно се распламти пожарот во близина на хотелот „Њу Стар“, кој е пренесен од дивата депонија во Шуто Оризари – Визбегово.

Гори висока сува трева и деградирани жбунести растенија на неколку локации околу хотелот.

На терен интервенираат екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со три противпожарни возила и неколку пожарникари.

Побарана е дополнителна поддршка со уште противпожарни возила за справување со огнената стихија.

Слични вести