200
Пожар избувна синоќа во пречистителна станица за отпадни води во селото Мојанци, Кочанско, информираат од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) во Кочани.
Настанот се случил синоќа околу 20:30 часот, а во гаснењето на пожарот учествувале осум пожарникари со четири противпожарни возила. Пожарот се појавил на инсталација на системот за пренос на метан, при што се запалиле цевки од системот.
Според командирот на ТППЕ Кочани Дарко Апостолов, пожарот зафатил дел од системот за прочистување на метан, но е навремено изгаснат.
„Пожарот е изгаснат. Нема опасност“, рече тој доцна синоќа.
Причините за пожарот што предизвика материјална штета допрва ќе се утврдуваат.