Пожар на дива депонија во Шуто Оризари

by irena 15:19
15:19

Пожар утринава избувна на дива депонија во скопската населба Шуто Оризари, каде што екипи на Бригадата за противпожарна заштита интервенираат со цел да го локализираат огнот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пријавата за пожарот била примена денеска околу 7:00 часот.

„Денеска во 07:00 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека во населбата Шуто Оризари гори дива депонија. Бригадата за противпожарна заштита презема мерки за гасење на пожарот“, соопштија од МВР.

Во моментов нема информации за повредени лица, ниту за причините поради кои избувнал пожарот. Надлежните служби остануваат на терен и работат на целосно локализирање и гасење на огнената стихија, по што се очекуваат повеќе информации за околностите на настанот.

Слични вести