Повреден е велосипедист во Битола, во него удрил 17-годишник со „опел корса“

by irena 14:30
14:30

МВР информира дека вчера попладне во 19.15 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Македонска фаланга“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од Битола и велосипед, управуван од Г.М.(49) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.

Слични вести