5
Повеќе од 600.000 луѓе останаа без електрична енергија во Запорожје во Украина поради напад на украинските вооружени сили, рече рускиот шеф на регионот – Евгениј Балицки.
Балицки изјави на Телеграм дека 457 населени места во Запорожје останале без електрична енергија по нападот со беспилотни летала, објави РИА Новости.
Пожарите што избувнаа како резултат на нападот беа брзо изгаснати, а екипите на електроенергетската компанија започнаа со санација, истакна Балицки, наведувајќи дека важните објекти се поврзани со резервни извори на енергија.