179
Повеќе од 400 луѓе загинаа, а 3.056 се повредени во Иран од почетокот на израелските напади, објави денес портпаролот на иранското Министерство за здравство, Хосеин Керманпур.
Керманпур изјави дека педесет и четири од загинатите се жени и деца, а пет се здравствени работници, и додаде дека „повеќето од жртвите и повредените се цивили“, објави Би-Би-Си.
Ова е првиот официјален број на жртви објавен од 15 јуни, кога властите објавија 224 загинати и повеќе од 1.200 повредени.
Претходно, новинската агенција Нур објави дека најмалку 430 луѓе се убиени, а 3.500 повредени во Иран во текот на изминатите девет дена.