8
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09.00 до 10.00 часот, корисниците од ул. 20 во село Бразда (општина Чучер Сандево)
– во период од 09.00 до 12.00 часот,корисниците од ул 10 и дел од ул.134 (општина Сопиште)
– од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул.Иван Цанкар (општина Карпош)
– од 11.30 до 15.30 часот, дел од корисниците на ул.101 во село Волково (општина Ѓорче Петров)
– и од 12.00 до 15.00 часот, корисниците околу ресторан Теферич и дел од ул.Мариовска (општина Кисела Вода).