Потрес со јачина 4,6 степени – официјални детали од надлежните

by irena 23:02
23:02

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово, на околу 45 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 4.6

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, во Скопје и околината со интензитет од IV-V степени, во останатите делови од
Републиката со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

 

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го стресе Скопје

Слични вести