7
Авион на Ер Индија на лет од Пукет, Тајланд до индискиот главен град Њу Делхи денес добил закана за бомба и извршил принудно слетување во Тајланд, соопштија властите на аеродромот во Пукет.
Патниците биле евакуирани од авионот на летот AI 379, според плановите за вонредни ситуации, соопшти официјален претставник на аеродромите на Тајланд.
На летот имало 156 патници, а заканата за бомба била примена во авионот, се вели во соопштението.
Авионот полетал од аеродромот Пукет кон индискиот главен град во 9:30 часот наутро во петок, но направил широк круг над Андаманското Море и слетал назад на тајландскиот остров.