Попладне дожд, грмежи и можност за невреме со град

by irena 07:31
07:31

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди во текот на денот.

Во попладневните часови на повеќе места се очекува локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови и за невреме проследено со силен ветер и појава на град.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне, во одделни делови од котлината, ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Слични вести