Во СВР Скопје вчера тројца родители пријавиле дека нивните малолетни ќерки се физички нападнати на подрачјето на Бит Пазар.
Според пријавите, два од нападите се случија во дом, а снимка од третиот напад била објавена на социјална мрежа.
Во 17:10 часот, 45-годишната Н.С. од скопското село Пагаруша пријавила дека околу 13:30 часот нејзината малолетна ќерка била физички нападната од неколку малолетнички.
Според пријавата, еден малолетник го снимал настанот со мобилен телефон, а снимката потоа била објавена на социјална мрежа.
Во 21:45 часот, 33-годишна жена пријавила дека нејзината малолетна ќерка била физички нападната во домот од нејзиниот чичко М.Ф., кој употребил и тврд предмет.
Во 22:20 часот, 34-годишен маж пријавил дека на 16 ноември неговата малолетна ќерка била физички нападната во домот со тврд предмет од нејзиниот очув Ф.Д.
Полицијата презема мерки за расчистување на трите случаи.