Во текот на вчерашниот ден полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 10 возачи, од кои по еден во Скопје, Куманово, Велес, Кавадарци и во Битолско затоа што управувале возило без возачка дозвола, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што е наведено во соопштението, возачот во Куманово претходно со мотоцикл учествувал и во сообраќајна незгода и од него е одземен мотоциклот, а на другите возачи им се одземени патничките возила.
По еден возач во Скопје, Чашка и во Прилепско управувале возила иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б-категорија.
– Од нив исто така се одземени патничките возила. Еден возач во Кочани управувал возило под дејство на алкохол, а еден возач во радовишко управувал возило со брзина поголема од дозволената. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави – информираат од МВР.