286
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува искрено сочуство на семејството, пријателите и колегите за смртта на новинарот и долгогодишен спортски коментатор Сами Адеми, чиј глас со децении беше препознатлив белег на фудбалските натпревари на националната репрезентација.
Колегата Адеми остави длабока трага во спортското новинарство преку својата професионалност, посветеност и страст кон спортот и новинарската професија.
Неговите преноси и коментари беа дел од најзначајните спортски моменти што ги памети македонската јавност.
Неговиот придонес во македонското спортско новинарство ќе остане трајно запаметен.