Почина 42 годишник од битолско Новаци – со мотоциклот излета од патот

by irena 13:14
13:14

МВР информира дека синоќа во 20:30 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат с. Меџитлија – с. Старавина, 42 годишниот Д.Ј. од с. Новаци, битолско управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

Од здобиените повреди Д.Ј. починал на местото, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

Слични вести