По само три месеци Челси го избрка тренерот

by irena 18:57
18:57

Челси ја раскина соработката со тренерот Лијам Росениор.

Лондонскиот клуб пред само три месеци го назначи Росениор за предводник на тимот од „Стемфорд Бриџ“ потпишувајќи шестгодишен договор, а сега си заминува по само три месеци.

Челниците на Челзи велеа дека немаат намера да носат драстична одлука за прекинување на соработката, но серијата на лоши резултати и падот во формата на тимот, било причина Росениор да добие отказ.

За привремен тренер до крајот на сезоната е назначен Калум Мекферлан, а потоа ќе се очекува вистинското решение за клупата на Челси.

Мекферлан веќе има еден меч како привремен предводник на Челси и тоа беше по заминувањето на Енцо Мареска, кога Челзи одигра 1:1 против Манчестер сити.

„Воопшто не беше лесно да се донесе оваа одлука, но резултатите во последни време беа под нивото на нашиот клуб, посебно поради фактот колку малку средби останаа до крајот на сезоната. Сите во Челси на Лијам му посакуваа се најдобро во иднина“, се вели во соопштението на Челси.

Слични вести