По барање на ЦУК: Грчки канадери пристигнаа на помош во масовна акција против пожарите

by irena 18:28
18:28

По барање на ЦУК, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај с. Николиќ, во близина на Дојран, заедно со две грчки противпожарни екипи.

Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување дејствува во Крива Паланка, додека хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи е упатен кон селото Орман, општина Ѓорче Петров. Армијата, со ангажман на вкупно 63 припадници, активно учествува во гаснењето на повеќе позиции.

Приоритет е пожарот кај касарната Ѓорче Петров, каде што се ангажирани 60 припадници. Во село Николиќ се распоредени 60 припадници, во Крива Паланка дејствуваат 30 припадници, а една екипа од АБХО е ангажирана на пожарот во Визбегово.

Слични вести