По 22 години бегство уапсен е „командант Бреза“

by Fokus

По 22 години бегство, полицијата го уапси Хамди Бајрамовски (43), попознат како „командант Бреза“ од селото Брест. Тој бил уапсен во скопската населба Ченто.

По Бајрамовски беше распишана меѓународна потерница поради тешки кривични дела.

Како што информираа од МВР, акцијата ја извршиле припадници на Секторот за меѓународна полициска соработка.

„Приведениот има вкупна затворска казна од 11 години и за истрага за повеќе сторени кривични дела. Тој бил баран по потерници за издржување казна затвор од пет години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик и затворска казна од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215, како и за повеќе истраги за повеќе сторени кривични дела со мерка притвор по член 396, член 123 став 1 и став 3, член 396, член 158 и член 237 од Кривичниот законик„ информираат од МВР.

Командант Бреза е пренесен во Затворот Скопје на издржување на казните.

Поврзани новости