Пијан скопјанец уринирал врз службено возило на Град Скопје, па му искршил нос на комунален редар

by irena 14:53
14:53

Комунален редар од Град Скопје завршил со скршеници на носот по инцидент што се случил ноќеска пред бараките на Град Скопје, откако алкохолизирано лице уринирало врз службено возило, а потоа физички нападнало инспектор.

Од МВР информираат дека случајот бил пријавен во 00:10 часот во СВР Скопје.

„На булеварот ‘Илинден’ пред Град Скопје едно лице нападнало инспектор од Град Скопје. Тројца комунални инспектори забележале три лица, од кои едното уринирало врз нивното службено возило, по што веднаш го напуштило местото“, велат од полицијата.

Според пријавата, откако неговите другари го повикале назад, било утврдено дека станува збор за Д.Т. (24) од скопското село Љубанци.

„По кратка расправија помеѓу него и вработениот И.С. (51) од Скопје, настанала физичка пресметка, при што двајцата се здобиле со телесни повреди“, додаваат од МВР.

Слични вести