Пијан радовишанец со мопед удрил во малолетничка

by irena 10:57
10:57

МВР информира дека вчера попладне во 17.30 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го привеле Б.З.(40) од Радовиш.

Во 14.45 часот на крстосница од ул.„Плачковица“ и ул. „Мирче Ацев“ во Радовиш, управувајќи мопед „томос“ со 2,02 промили алкохол во крвта, тој удрил во 9-годишно девојче од Радовиш, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош Радовиш.

Лицето било задржано во полициска станица, а увид извршила увидна екипа на ОВР Радовиш.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Слични вести