Пијан 60-годишник возел со 2,61 промили алкохол во крвта

by Fokus

Полицијата синоќа го лишила од слобода Д.Б.(60) од струшко Пискупштина на регионалниот пат Струга – Дебар, на место викано „Кореа“. По преземени мерки било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека има 2,61 промили алкохол во крвта.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „застава“ со струшки регистарски ознаки.

Возачот бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани новости