Пезешкијан: Иран нема да попушти под притисокот за време на преговорите со САД

by irena 21:25
21:25

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан порача дека неговата земја нема да попушти под притисокот на светските сили за време на преговорите со Соединетите Американски Држави за нуклеарната програма на Иран.

Светските сили нè принудуваат да попуштимe, но ние нема да попуштиме, и покрај сите проблеми што ни ги создаваат“, рече Пезешкијан во говорот емитуван во живо на Иранската државна телевизија.

Пезешкијан рече дека иранската Влада постигнала договор дека дури и ако сите светски сили му се заканат на Иран за да се предаде, Техеран нема да го направи тоа.

Слични вести