Пет политички субјекти од ВЛЕН денеска се обединуваат во единствена партија

by irena 09:32
09:32

Коалицијата ВЛЕН денеска на Конгрес за обединување на пет политички субјекти и официјално ќе прерасне во партија.

Во пресрет на конгресот, од ВЛЕН преку јавна објава порачаа дека процесот на обединување не бил лесен и дека зад него стојат месеци исполнети со предизвици, недоверба и политички притисоци.

Според нив, денешниот ден ќе биде одговор на сите сомнежи, бидејќи од политички партнери и сојузници, ВЛЕН преминува во единствено политичко тело.

„Од идеја во која многумина се сомневаа, ВЛЕН утре станува политички факт“, стои во пораката на Коалицијата.

Слични вести