210
Портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков, изјави дека Киев знае какви одлуки треба да се донесат за преговорите за украинското решение да бидат успешни.
Тој истакна дека моментот за одговорност веќе е дојден и дека би било „идеално“ украинскиот претседател Володимир Зеленски да го стори тоа, објави Риа Новости.
„Моментот во преговорите одамна е дојден, како што рече (рускиот претседател Владимир) Путин, сега некој во Киев едноставно треба да ја преземе одговорноста. Идеално, тоа треба да биде Зеленски. И да стори сè што е можно за преговорите да бидат успешни. Тие совршено добро знаат што треба да се направи“ – рече Песков.