Пешак тешко повреден откако го удрил автомобил на автопатот кај Мирковци

by irena 13:40
13:40

63-годишен пешак се здобил со тешки телесни повреди откако бил прегазен од автомобил на автопатот „Мајка Тереза“, во близина на клучката „Мирковци“.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата се случила на 18 септември околу 14:00 часот. Според пријавата, патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот М.А. од Скопје, удрило во пешакот С.Б. (63) од Скопје.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Слични вести