Министерот за локална самоуправа – Златко Перински изјави дека не гледа ништо спорно тоа што градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, именувал свој заменик во Општина Карпош.
Tврди дека од општината не добил известување дека Лукровски поднел оставка од функцијата.
„А во однос на она што ме прашавте дали имам добиено оставка од страна на Општина Карпош, не го сфаќам прашањето затоа што овде не станува збор за Сотир, Златко, Трајчулевски итн. Прочитајте го законот или јас ќе ви го објаснам. Градоначалникот Сотир не поднесува оставка во Министерството за локална самоуправа туку поднесува оставка во Општина Карпош, која е должна да го извести Министерството за локална самоуправа. Јас одговорно ви тврдам дека во овој момент Министерството за локална самоуправа нема добиено известување од Општина Карпош дека градоначалникот Сотир Лукровски има поднесено оставка“, рече Перински.