Пеколно уште некој ден, најавено невреме со заладување

by irena 18:33
18:33

Од УХРМ информираат дека пеколно топло ќе биде и утре и задутре, потоа доаѓа освежување.

Во петок ќе се задржи многу топло време. Во попладневните и вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за 5-7 степени во споредба со утрешните, информираат од УХРМ.

Слични вести