Пациент се обидел со возило да прегази вработена на Клинички

by irena 14:02
14:02

Вработена на Клинички вчера во полиција пријавила дека едно лице се обидело да ја прегази со возилото.

Имено вчера во 15:30 часот во СВР Скопје, Ф.Р.(45) од Скопје пријавила дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, кај Институтот за трансфузиона медицина, каде е вработена, А.И., кој се лекувал во установата, во два наврати се обидел да ја прегази со неговото возило.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Слични вести