Патници од Скопје и Куманово се вратиле заразени со маларија од Африка

by irena 18:56
18:56

Двајца македонски државјани во текот на февруари биле хоспитализирани откако им била дијагностицирана маларија по враќање од егзотични дестинации.

Станува збор за лица на возраст меѓу 40 и 60 години, од Скопје и Куманово, кои престојувале во Занзибар и Сиера Леоне.

Од Министерството за здравство информираат дека пациентите биле соодветно лекувани во болнички услови и во моментов се наоѓаат во добра општа состојба.

Благодарение на навремената дијагноза, спречени се потешки компликации кај двајцата патници.

Слични вести