5
Министерот за здравство Азир Алиу истакна дека паркингот во Клиничкиот центар останува сериозен предизвик со кој секојдневно се соочуваат пациентите и здравствените работници. За моменталната состојба нема точни податоци ниту за бројот на паркирани возила, бидејќи просторот не е системски евидентиран. Алиу најави дека прво ќе се спроведе детална анализа на состојбата, со цел да се најде конкретно и трајно решение за овој долгогодишен проблем.