91
Попладнево заснежи на Попова Шапка, на врвот Церипашина. На надморска височина од 2.300 метри денес температура околу нулата.
– Овој ладен и влажен бран иако сме на средината од летото донесе и врнежи од снег на високите предели од Шар Планина, а на надморска височина од над 2.000 метри на Шар Планина температурата се спушти под нулата – велат метеоролозите.
Овој ладен и влажен бран од север ги спушти температурите во Македонија далеку под просекот за третата декада од месец јули и тие се пониски дури за повеќе од 10 степени од просечните за овој месец.