Осуммина струмичани се тепале во двор и користеле разни предмети, четворица завршиле со тешки повреди

by irena 22:48
22:48

Четири лица се тешко повредени во групна тепачка во двор од куќа во струмичкото село Баница, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, тепачката избила меѓу две групи, кои почнале да се тепаат додека биле во дворот, употребувајќи разни предмети.

„На 11.10.2026 во СВР Струмица е пријавено дека во 22:30 часот во дворно место на куќа во село Баница, струмичко, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М. и К.М. од една страна и П.С., М.С., Т.С., С.С., С.С. и С.С., од друга страна, сите од село Баница, во која со различни предмети си нанеле повреди по главата и телото. Повредените биле пренесени во Медицински центар Струмица, каде кај лицата Р.М., К.М., Т.С. и М.С. биле констатирани тешки телесни повреди“ соопшти МВР.

Предметите кои ги користеле при пресметката се пронајдени и одземени од страна на полицијата.

За настанот е известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични вести