На 5 ноември во СВР Куманово, 42-годишна жена од Босна и Херцеговина, со живеалиште во кратовско село, пријавила дека била малтретирана од нејзиниот партнер И.Д.(46) од селото.
Како што се наведува во полицискиот билтен, веднаш било постапено по пријавата и со неа и нејзиниот партнер бил извршен службен разговор, при што изјавила дека го слушнала И.Д. дека разговара со други жени и му побарала пари да си оди, но тој не ѝ дал и затоа пријавила.
Тој бил предупреден, а таа била спроведена во прифатен центар за странци во Скопје за понатамошна постапка.
На 10.11.2026 во ОВР Кратово, од Националната мрежа против семејно насилство било пријавено дека, додека живееле во вонбрачна заедница, И.Д. ја принудувал на полови дејствија и физички ја напаѓал, а по извршени лекарски прегледи било утврдено дека е бремена и дека има хематоми на некои делови од телото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.