Осум полицајци се уапсени во Србија – до смрт го претепаа братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

by irena 12:17
12:17

По налог на јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство во Ниш, припадници на Секторот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи лишија од слобода осум полициски службеници од Управата за криминалистичка полиција.

Тие се сомничат дека го тепале, малтретирале и измачувале Д.Д. – брат на еден од двајцата осомничени во случајот со исчезнувањето на Данка Илиќ од Бор – кој им подлегнал на повредите на 7 април 2024 година.

Полициските службеници од Управата за криминалистичка полиција – Н.П., М. Љ., Б. М., И. Т., М. С., М. Б. и З. Ѓ. (сите од Белград), како и Ј.К. од Нова Пазова – се лишени од слобода поради постоење основи за сомневање дека сториле кривично дело „тешка телесна повреда со смртен исход“, во врска со кривично дело „малтретирање и мачење“ (извршено во соучесништво), на штета на оштетениот Д.Д., чија смрт била констатирана на 07.04.2024 година во службените простории на Полициската управа во Бор.

Тој бил задржан од полицијата во рамките на истрагата за исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ.

На осомничените им е одредена мерка задржување во траење до 48 часа, по што ќе бидат изведени пред Вишото јавно обвинителство во Ниш заради сослушување.

„Ја известуваме јавноста дека јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство во Ниш претходно издаде налози за лишување од слобода на сите осомничени за горенаведените кривични дела, но припадниците на Министерството за внатрешни работи, Сектор за внатрешна контрола, не постапија по налозите на јавниот обвинител, за што исто така ја известивме јавноста. По сослушувањето на сите осомничени, јавноста ќе биде информирана за преземените дејствија преку објавување соопштение на веб-страницата на Вишото јавно обвинителство во Ниш“, соопштија од Вишото јавно обвинителство во Ниш.

Слични вести