Основец бил претепан од врсници пред училиште во Чаир

by irena 19:41
19:41

Малолетник вчера бил претепан во кругот на училиште во Чаир, информира МВР.

„Синоќа во 19 часот во СВР Скопје, Ш.Д.(47) од Скопје пријавил дека околу 13:30 часот во кругот на основно училиште на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници од друго училиште“, се наведува во полицискиот билтен.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични вести