Орбан: Зголемен надзор во главните транспортни центри поради војната меѓу Израел и Иран

by Fokus

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека полицијата наредила зголемен надзор во главните транспортни центри, вклучувајќи го и аеродромот во Будимпешта, поради војната меѓу Израел и Иран.

„Јавноста се повикува да ги пријави сите необични активности или вонредни настани во полицијата“, напиша Орбан на Фејсбук.

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово објави дека е постигнат договор за прекин на огнот и дека војната меѓу Израел и Иран е завршена, но по тоа двете страни испукаа нови ракети.

Поврзани новости