Орбан: Објавена е војна против Унгарија!

by irena 11:54
11:54

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан реагираше по извештајот на бриселски „Политико“ за можното влегување на Украина во ЕУ по принципот на „обратно проширување“.

Тој оцени дека ова претставува „отворена објава на војна“ против Унгарија и го повика народот да ја заштити унгарската влада на априлските избори.

Според извештајот, ЕУ разгледува план кој би ѝ овозможил на Украина да учествува во блокот пред да ги заврши сите реформи потребни за полноправно членство, но Орбан и унгарските власти категорично се спротивставуваат.

Министерот за надворешни работи, Петер Сијарто додаде дека приемот на Украина би донел економски загуби и потенцијални безбедносни ризици за Унгарија, и дека додека сегашната влада е на власт, Украина нема да стане членка на ЕУ.

Според дипломатски извори, ЕУ размислува за различни механизми за заобиколување на унгарското вето, вклучувајќи можност за повторно активирање на Член 7 од Договорот за ЕУ.

Слични вести