Од понеделник доаѓа вистинска пролет

by valentina 08:26
08:26

Кон крајот на неделата врнежите од дожд ќе запрат, а температурата ќе почне да се зголемува, што значи дека ни доаѓа вистинска пролет.

Почнувајќи од понеделник 6 април 2026 територијата на Македонија ќе потпадне под влијание на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса од југ која позначително ќе предизвика температурите да бидат во пораст и тие ќе бидат вистински пролетни а времето ќе биде стабилно и суво со многу сонце.

Температурите преку ден во Македонија во текот на следната седмица на многу места ќе се искачат и ќе надминат 20 степени а во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија температурата ќе се искачи до 25 степени.

Врнежи и пад на температурите на воздухот се очекуваат кон крајот на следната работна седмица и за време на следниот викенд.

Слични вести