Очекуваме во вториот круг бројката на гласови за Ѓорѓиевски да биде 125-130 илјади, рече Мицкоски

by vlatko 19:39
19:39

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес во Валандово рече дека на изборите постигнале историски резултат.

-Тоа што е зад нас, еден факт кој што е немилосрден. Тоа се бројки. После првиот круг, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ освоија 33 градоначалници. Изминативе 2 дена, два противкандидати на нашите кандидати за градоначалници е откажаа, така што веќе можеме да зборуваме за 35 градоначалници.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата водат, имаат веќе освоено градоначалник или се во круг како второпласирани, но тоа се во 6 општини каде што е многу мала, но и значителна разлика во вкупно 59 општини. До сега ваков историски резултат во независна Македонија не се случил – рече тој.

Мицкоски се осврна и на трката за градоначалник на Град Скопје, каде, како што рече, кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ има предност 3:1 во однос на неговиот противкандидат.

-Како коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, имаме победа или мнозинство во 58 општини во Македонија, и конечно на крај да споменам дека идниот градоначалник нашиот главен град, Скопје, има предност од 3:1 во однос на неговиот противкандидат, 92-3 илјади наспроти 30 илјади. И убедлива победа за Советот на Град Скопје, но истовремено очекуваме после вториот круг бројката на гласови за Орце Ѓорѓиевски да биде околу 125-130 илјади – нагласи тој.

Слични вести