Обуката за превенција од пожари успешно ја завршија 352 кандидати, утре ќе потпишат договор за работен ангажман

by irena 16:17
16:17

Вкупно 352 кандидати успешно ја завршија дводневната обука во рамките на владиниот јавен повик за превенција од пожари во државата.

Според најавите на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, тие утре ќе потпишат договор за работно ангажирање за јавни работи со Агенцијата за вработување, каде што како партнер се јавуваат и ДЗС и општините вклучени во мерката.

На јавниот повик на Владата во врска со активната мерка од оперативниот план за 2025, јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување) се пријавија вкупно 499 кандидати. Од нив на обуката се појавија 364 кандидати, а 352 кандидати успешно ја завршија дводневната обука во организација на Противпожарниот сојуз на Македонија“, изјави директорот на ДЗС.

Слични вести