Облачно со повремен снег во Македонија

by irena 08:02
08:02

Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време со пораст на температурите.

До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини ќе има појава на магла.

Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Слични вести