Њујорк Тајмс: Иран го координирал нападот со Катар за да ги минимизира жртвите

by Fokus

Иран го координирал својот напад врз американската воена база Ал-Удеид во Катар со катарските претставници, дознава Њујорк Тајмс.

Техеран „однапред најавил дека ќе има напад за да се минимизираат жртвите“, објави американскиот медиум, цитирајќи тројца ирански претставници запознаени со плановите.

Според Њујорк Тајмс, Иран сакал симболично да возврати на вчерашните американски напади врз неговите нуклеарни постројки, но исто така се обидел да осигури дека двете страни можат лесно да ја деескалираат ситуацијата, слично на 2020 година кога Иран му дал на Ирак однапред известување пред да испали ракети врз американската база во Ирак како одговор на атентатот врз иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Поврзани новости