Ефимија Димовска, новата в.д. главен извршен директор на Развојна Банка е сопруга на долгогодишниот член на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Димовски.
Таа доаѓаа на местото на Кире Наумов, долгогодишен кадар на СДСМ кој беше разрешен вчера на една година пред истекот на мандатот.
Димовски, на својот фејсбук-профил често објавува слики од настани заедно со премиерот Христијан Мицкоски.
Димовски е дипломиран шумарски инженер. Во компанијата „Соларис“ каде што основач и содружник е неговата сопруга Ефтимија, тој е управител.
Димовска во јануари беше именувана за нов член на Надзорниот одбор како академски професор. Новата в.д. директрка Ефимија Димовска повеќе
од 18 години активно работи во областа на развојното банкарство. Дипломирала на Економски факултет во Скопје, магистрирала на Универзитетот во Питсбург, САД, а докторира на Економски во Скопје во областа на финансиите, со посебен фокус на истражувањата во делот на пристап до финансирање на мали и средни претпријатија. Својата 27 годишна професионална кариера ја гради на одговорни и раководни позиции во Министерството за финансии, Развојната банка, енергетскиот сектор и високото образование.
Развојна банка ги финансира бизнисите во Македонија преку поволни кредитни линии обезбедени од меѓународните финансиски институции, а во последно време менаџираше и со унгарскиот кредит од 250 милиони евра наменет за компаниите.