Летното сметање на времето почнува ноќеска во 02 часот кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред и наместо 02 часот ќе биде 03 часот.
Тоа значи дека наредната ноќ ќе спиеме еден час помалку, но ќе имаме подолги денови и повеќе дневна светлина попладне.
Промената на времето кај нас, како и во повеќето европски земји, се случува двапати во годината, и тоа последниот викенд во март кога почнува летното сметање на времето и последниот викенд во октомври кога почнува зимското сметање на времето.
Годинава, летното сметање на времето ќе трае до 25 октомври во 3 часот по полноќ.
Одлуката за воведување на летното сметање на времето е во согласност со Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и во согласност со европски директиви.