Ниеден македонски универзитет не се најде на новата Шангајска листа

by vlatko 18:40
18:40

Ниту еден македонски универзитет не се најде на годинашното академско рангирање на универзитетите во светот, попознато како Шангајска листа.

Универзитетот „Харвард“ е на врвот на листата веќе 26 година, а по него следуваат „Стенфорд“ и МИТ.

Од регионот, најдобро рангиран е Универзитетот во Белград, Србија, кој се најде на 401-500 позиција.

Универзитетот во Љубљана, Словенија, е рангиран од 501-600 место на листата.

На листата се најдоа четири грчки универзитети, од кои најдобро рангирани се Универзитетот „Аристотел“ во Солун и Националниот и Каподистриасов универзитет во Атина, кои се рангирани на 501-600 место.

Универзитетот во Загреб, Хрватска, е позициониран на 601-700 позиција на листата.

Слични вести