Патот кон Јажинце е отворен откако огнот беше ставен под контрола

by vlatko 18:46
18:46

Сообраќајот на патниот правец Тетово-Јажинце е целосно нормализиран, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Претходно, делницата беше затворена за сообраќај поради пожар во близина на селото Рогачево, што предизвика сериозни проблеми за возачите и патниците кои се движеа кон граничниот премин.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека патот кон ГП Јажинце е повторно прооден, но ги повикуваат граѓаните на внимателно возење и почитување на упатствата на службите.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со командирот на ТППЕ Тетово, Авни Ахмети, и раководителката на РЦУК Тетово, Арлинда Мухареми, од терен ја координираа целата акција, која резултираше со успешно ставање на пожарот под контрола.

Слични вести